Осум натпревари понуди синоќешната програма во НБА лига.

Најдобриот играч од регуларниот ден на минатата сезона Џоел Ембид продолжи со одличните игри. Тој беше најзаслужниот за победата на Филаделфија на гостувањето кај Шарлот со 97-89.

Ембид натпреварот го заврши со двоен ефект, постигнувајќи 33 поени на кои додаде десет скокови, а имаше и пет асистенции. Тој имаше поддршка од Тобајас Харис постигна со 22 поени. За „76-ките“ ова беше петта последователна победа, а вкупно 28-ма сезоната со што тимот е на 3.место на западот зад Бостон и Милвоки.

Неизвесен дуел се одигра во Хјустон каде победникот беше решен во дополнителните пет минути.

На задоволство на домашната публика „Рокетси“ славеа против „Џезерите“ од Јута со 127-125. Турчинот, Алперин Шенѓул беше клучен играч во победата на Хјустон. Тој натпреварот го заврши со 37 поени и 13 скокови, а ги погоди и двете слободни фрлања на крајот за триумф. Џабари Смит Јуниор имаше дабл-дабл со 24 поени и 10 скокови, а Финецор, Марканен заврши со 22 поени и девет скокови.

„Пикот број 1“ на драфтот, Виктор Вембањама беше најзаслужниот за победата на Сан Антонио на гостински терен кај Вашингтон.

Младиот Французин со 28 поени, осум скокови и четири асистенции го предводеше „Спарси“ до триумф со 131-127. Со оваа победа тимот од Сан Антонио ја прекина низата од пет порази.