Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров изборија пласман во четвртфиналето на Европскиот куп и покрај поразот на реваншот од чешката екипа Кинжварт со 34:33. Победата пред седум дена во Скопје 32:29 се покажа решавачка.
Ѓорче Петров го започна натпреварот со водство од 2:1. Кинжварт веднаш израмни на 2:2 по што следуваше период на израмнет резултат. Македонскиот шампион во 11-тата минута успеа да поведе со 9:7. Домаќините се обидуваа да израмнат но, Ѓорче успешно ја одржуваше оваа предност и на полувреме замина со 20:16.
Во 35-тата минута од втората половина Кинжварт успеа да намали на 19:21. Македонскиот шампион успешно ја одржуваше предноста додека, домаќините се мачеа да ја намалат негативата. Во 45-тата минута со серија од 4-0 домашната екипа ја намали негативата и израмни на 24:24. Иако Кинжварт успеа да поведе со плус два гостите веднаш израмнија на 27:27. Во последните десет минути се играше гол за гол и неизвесно. Крајниот резултат беше 34:33.
Најефикасни од Ѓорче Петров беа Николовска и Дамјановска со шест гола, додека Јанкуловска и Коларовска дадоа по пет гола.
Ивона Кимовска