Кошаркарите на Работнички и Еуро Никел со победи го започнаа вториот дел од сезоната во првата машка лига.
Во рамките на 14.коло како домаќини забележаа сигурни победи над Чаир односно Гостивар.
Еуро Никел на свој паркет го победи рутински Гостивар со 97-85 за нивна 11-та победа во сезоната. Најдобар кај домаќините беше Смит со 26 коша, Григоријевиќ постигна 21, а Врањеш 19.
Кај Гостивар Инграм беше најефикасен на мечот со 29 коша, Вилијамс даде 15, а Остен 11 коша.
Во вториот меч во истиот термин во дербито што се одигра во салата Кале, Работнички со 84-70 го победи Чаир без поголеми проблеми.
Работнички го имаше водството во текот на целиот меч, иако имаше мал пад во играта на стартот на второто полувреме кога Чаир 2030 го израмни резултатот.
Сепак искусниот состав предводен од Горан Самарџиев на крајот се радуваше на победата за нив 10-та во првенството.
Домашниот состав го предводеа странските имиња. Па така најефикасен беше Декоси со 18, Трис со 16, а Рикиќ постигна 14 коша и 14 скока.
Кај Чаир Роби беше најдобар на мечот со 24 коша, а Какруки и Мадут постигнаа по 14 коша.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
сабота
ТФТ – ВАРДАР 92-82
МЗТ СКОПЈЕ А. – ПЕЛИСТЕР 66-72
ЕУРО НИКЕЛ – ГОСТИВАР 98-75
РАБОТНИЧКИ – ЧАИР 84-70
недела
18.00 ОХРИД – КОЖУВ
20.00 ФЕНИКС – ФМП АКАДЕМИЈА
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26 бодови, Еуро Никел 25, Работнички 24, Пелистер 24, Чаир 23, ТФТ 22, Феникс 20, Гостивар 18, Вардар 17, Кожув 16, Академија ФМП 16, Охрид 15.