Македонија со една победа и два порази како 17-та го заврши настапот на Европското првенство во Германија, по првата рунда.
По враќањето во Скопје, селекторот Кирил Лазаров во гостувањето на Македонската телевизија отворено говореше за настапот на репрезентацијата.
Лазаров смета, дека во Македонија се работи не квалитетно, особено во тренажниот процес, па затоа и не можеме во догледно време да очекуваме големи резултати.
Селекторот смета дека целта на македонскиот ракомет е остварена, континуитет на големите натпреварувања.
Лазаров вели дека е подготвен на дебати се секого, притоа потенцирајќи дека тоа би го сторил и како што вели:
„И за вашите, ракометни стручњаци, не сите, туку ракометни анонимуси што се појавуваат“.
Селекторот посочи, дека за успех или неуспех на репрезентацијата, одговорноста не е само на селекторот, стручниот штаб и федерацијата, туку и на клубовите.
Изјавите на Лазаров може да ги видите во продолжение.