Српскиот тренер и поранешен кошаркар Дејан Милојевиќ почина денеска на 47-годишна возраст од срцев удар.
Милојевиќ од 2021 година работи како помошен тренер во стручниот штаб на НБА тимот на Голден Стејт Вориорс, а неговиот белег во српската кошарка е неизбришлив.
Милојевиќ долги години беше тренер на Мега и практично го создаде најдобриот кошаркар на денешницата Никола Јокиќ.
Во својата богата играчка кариера го освои Евробаскетот во Турција во 2001 година со репрезентација на Србија.
Милојевиќ имаше и големи успеси со клубови, пред се во Партизан, Будуќност и шпанска Валенсија.