Шпанските ватерполисти за првпат во историјата ја освоија титулата Европски шампион. Ова откако во финалето во Загреб, Шпанците го совладаа бранителот на трофејот и домаќин Хрватска со 11-10 во финалето.
Хрватска добро влезе во натпреварот и поведе со 2-1, на што Шпанците одговорија со два последователни гола. Одличниот Букиќ беше иницијатор на серијата во која хрватските ватерполисти постигнаа четири гола и ги оставија Шпанците без гол речиси шест минути и поведоа со 6-3.
Сепак, Шпанците брзо се созедоа и до крајот на втората четвртина ја намалија негативата на само еден гол (7-6).
Хрватска на крајот од втората и почетокот на третата четвртина пет минути беше без гол, па Шпанците стигнаа до израмнување (7-7). Екипите влегоа во игра изедначени (8-8) и во последните 100 секунди од третиот период. До крајот домаќините постигнаа два гола и во последниот период влегоа со предност 10-8.
Сепак, тогаш се разигра Гранадос кој два од трите свои голови ги постигна во последниот период, а со оној на Санахуја, ја запечатија судбината на Хрватите.
Ова беше петто финале и трет пораз за Хрватска во дуелот за европското злато, додека Шпанија за првпат излезе како победник во своето четврто финале. Со шампионската титула Шпанците си обезбедија и директен пласман на Олимпијадата во Париз пристојното лето.
Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Италија која во мечот за третото место ја совлада Унгарија со 12-7.
Следно Европско првенство ќе се одржи во Белград по две години, 2026-та.