Во периодот од 19 јануари до 1 февруари година во Гангвон, Кореја ќе се одржат 4-тите Зимски младински олимписки игри.

На игрите ќе настапи и Македонија која ќе има четворица свои претставници во во два спорта (биатлон и крос кантри).

Давид Торевски и Матеа Трајковска ќе се натпреваруваат во биатлон, додека во крос-кантри ќе настапат Андријана Кајевска и Благоја Најденоски.

Делегацијата ќе биде водена од шефот на мисија, Владимир Богоевски, а знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Кајевска и Торевски.