По двата порази од Франција и Германија, македонските ракометари и теоретски ги загубија шансите за пласман во втората фаза на Европското првенство.
Уште по ждрепката за овој шампионат јасно беше дека Македонија нема што да бара во дуелите со Триколорите и домаќинот. Поразите беа реални и неминовни.
Шансата за надигрување уште тогаш, па и сега ќе ја бараме во дуелот со Швајцарија.
Станува збор за уште една исклучително квалитетна селекција која тоа го потврди со ремито против Франција. Сепак во редовите на нашата репрезентација веруваат дека можеме до позитивен резултат.
„Сакаме да си одиме дома барем со победа, па ќе дадеме 100 проценти во вторник.
Сакаме да им се заблагодариме на нашите навивачи кои отпатуваа да нé поддржат,
сакаме да се гордееме и со победата, иако сега сме елиминирани”,изјави пивотменот Милан Лазаревски.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се игра утре со почеток од 18 часот.