Фудбалерите на Лацио славеа минимална победа над Лече со 1-0 и избија на 5.место на табелата во Серија А.
Во натпреварот од 20.коло одигран на „Олимпико“ во Рим, Лацио се изнамачи, но го победи Лече со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на натпревари беше Бразилецот, Филипе Андерсон во 58-та минута.
Со оваа победа и новите бодови, а вкупно 33 Лацио се израмни со Фиорентина на 4-тото и 5-место на табелата.
Фиорентина попладнево го пречекува Удинезе.