Македонската ракометна репрезентација е во Берлин каде ќе ги одигра следните два натпревари на Европскиот шампионат.
Прв предизвик за избраниците на селекторот Кирил Лазаров се домаќините Германците.
Тие покажаа моќ во дуелот со Швајцарија која ја совладаа убедливо во првиот меч во Диселдорф пред два дена. Тако на така натпревар така и на следниот во Берлин в недела „панцирните“ ќе имаат голема поддршка од трибините.
Двете репрезентации ќе имаат доволно време за регенерација како и за анализа.
Пикерот на нашата селекција Милан Лазаревски смета дека трите дена се доволно да се направи анализата и што по подготвени црвено-жолтите да го дочекаат тој натпревар.
Дуелот Македонии – Германија ќе се игра во недела во „Мерцедес бенц“ арената, во вечерниот термин од 20 часот.
Денеска на Европското првенство на програмата се натпреварите од 1.коло во Б и Ц групите.
(Минхен) Ц група 18:00 ИСЛАНД – СРБИЈА и 20:30 УНГАРИЈА – ЦРНА ГОРА
(Мајнхајм) Б група 18:00 АВСТРИЈА – РОМАНИЈА и 20:30 ШПАНИЈА – ХРВАТСКА