Македонија загуби од Франција со 10 голови разлика. Тоа и не неше не очекувано. Она што радува е фактот што дел од ракометарите кои за прв пат играат на големо натпреварување веќе стекаа поголемо искуство.
Таков е случајот и со пивотменот Милан Лазаревски.
Ако во првиот дел делуваше импресиониран од укажаната шанса и имаше два промашени зицери, во вториот Лазаревски беше перфектен со 4 од 4.
Токму еден од нив беше и еден од најубавите на натпреварот.
А, по мечот Лазаревски изјави.
„Франција, ја покажа својата сила.
Тие имаат големо педигре, олимписки, светски, европски шампиони. Тие се по супериорни, физички, психички па и побрзи се.
Бевме конкурентни додека имавме сила и игравме со ‘чисти глави’. Потоа правевме почетнички грешки, фрлавме топки во празно“,
изјави Лазаревски.