Дербито на вечерта во НБА лигата се одигра во Лос Анџелес, каде Клиперси убедливо го совладаа Феникс со 138-111.

Домаќините имаа неверојатна шутерска вечер. Во првото полувреме, имаа дури 67%, реализација, но „Сонцата“ беа во игра. Така беше се до последната четвртина која „Клиперси“ ја добија со 37-20.

Пол Џорџ постигна 25 поени, Харден имаше дабл-дабл со 19 поени и 10 асистенции, а „Киперси“ завршија со 15 тројки од 29 обиди или високи 51.7% реализација.

Во поразениот тим Кевин Дурант реализира 30, а Девин Букет 20 поени.

Така тимот на „Клиперс“ втор пат за пет дена славеше над Феникс, а ја забележа шестата победа на последните седум натпревари.

Единствениот порази беше завчерашниот во градско дерби со „Лејкерс“.