Супер интересни и неизвесни натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата. Двете водечки екипи на истокот, Бостон и Милвоки, не ја потврдија фаворитската улога и претрпеа порази.
„Селтикси“ на гостувањето кај Индијана во неизвесна завршница загубија со 131-133. Бадијала беа 40-те поени на Џејлен Браун како и 21-от на Холидел и 19-те на Порзингис. Токму Браун и Порзингис беа трагичари за Бостон во завршните секунди од натпреварот,
Таква неизвесност немаше на натпреварот во Милвоки, каде „Џезерите“ од Јута славеа над „Бакс„ со 132-116. Уште во првото полувреме гостите најавија дека се дојдени по победата. Нараби Јута огромни 31 поен разлика на полувремето, што се покажа како недостижни за „Бакс“.
Затоа пак вистинска рама видоа гледачите на дуелот меѓу Шарлот и Чикаго. Откако регуларниот дел заврши нерешено 107-107, победникот беше решен во продолжението. Дополнителните пет минути им припаднаа на гостите, па Булси славеа со конечни 119-112.
Екипите на Мајами и Оклахома славеа над Хјустон и Вашингтон.
„Жепките“ пред својата публика во Мајами го совлада Хјустон Рокетс со 120113, а „Тандерси“ во Вашингтон се радуваа со 136-128