Македонската кадетска репрезентација за ракометари до 18 години попладнево игра против врсниците од Косово.
Ова е натпревар од „скопската“ група во квалификациите за Европскиот шампионат пристојното лето што ќе се одржи во Црна Гора.
По победата над Словачка и поразот од Швајцарија, македонските кадети прво ќе го чекаат исходот од дуелот меѓу Словачка и Швајцарија.
Во зависност од него, избраниците на селекторот Наум Танески ќе ги знаат и калкулациите.
Но, без разлика на тој натпревар македонските надежи секако ќе атакуваат на победа против аутсајдерот Косово. Со триумф тие би потврдиле дека местото им е Европското првенство.
Денешниот натпревар Македонија – Косово ќе почне од 15 часот.