На тениските терени ширум Австралија актуелни се неколку турнири, како загревање за првиот Гренд слем, Австралија опен.
Во Бризбејн се игра Јунајтед Купот.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да ги исполни очекувањата и да оствари средба со Јиржи Лехечка со 2-1 во сетови. Ѓоковиќ го доби мечот со 6-1, 6-7(3) и 6-1, но во неколку наврати побара лекарска помош. Сепак, популарниот Ноле самиот изјави дека болките во зголбот на раката честопати го мачат, но тоа нема да биде проблем да ја брани титулата на Австралија Опен. Инаку Србите ќе играат во четвртфиналето на Јунајтед купот.
Во Бризбејн и Оукленд пак се играат натпревари во поединечна конкуренција. Од нив издвојуваме.
Рафаел Надал по без малку едно годишна пауза поради повреди, се врати на терените. Шпанецот, за противник во Бризбејн го има Австриецот, Доминик Тием.
За Надал ова е прв меч од 18 јануари минатата година кога во третата рунда беше елиминиран на Австралија опен од Американецот, Мекдоналд. Инаку некогаш најдобриот светски тенисер, Надал во моментот е дури на 672-то место на АТП листата.