Дури осим натпревари се одиграа ноќеска во НБА лигата.

Шампионат Денвер откако го загуби од Оклахома, брзо се рехабилитираа и славеше над Шарлот со 111:93. Најдобар во победничките редови беше Џамал ​​Мареј со 25 поени и седум асистенции, додека Никола Јокиќ оствари со дабл-дабл со 13 поени и 11 скока. За Шарлот тоа беше 11-от последователен пораз.

Петтата победа во последните шест натпревари ја оствари Јута. Популарните „Џезери“ славеа убедливо против Далас со 127:90. Џордан Кларксон беше играчот број 1 во победничката екипа. Тој влезе во игра како резерва, а оствари трип-дабл со 20 поени, 10 скока и 11 асистенции. Тоа е прв троен учинок на играч кој не е во стартерите на Јута по пауза од 2008 година. Кај поразените, повторно најдобар беше Словенецот, Лука Дончиќ со 19 поени, 14 асистенции но тоа не му помогна на Далас да го избегне 15-тиот пораз сезонава.

Од останатите натпревари издвојуваме.

Поразот претрпе Милвоки од Индијана со 113-122 иако Јанис Антетокумпо имаше трипл-дабл со  30 поени, 18 скока и 11 асистенции.

Четвртата последователна, а вкупно 18-та победа ја извојуваа Феникс. „Санс“ без повредениот Кевин Дурент славеа против Портланд со 109:88. Бредли Бил беше најефикасен во победничкиот тим со 21 поен.