Фудбалерите на Лацио ја остварија само осмата победа во Серија А. Вечерва на „Олимпико“ во Рим, Лацио со пресврт го победи Фосиноне со 3-1.
Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме.
Гостите поведоа во 57.минута со голот на Соул од пенал.
Следуваше брз пресврт со два гола во две минути. Кастељанос во 70-тата и Исаксен во 72.минута го свртија резултатот. победата ја потврди Патрик во 84.минута поставувајќи ги конечните 3-1 за Лацио.
Со оваа победа „Лациалите“ сега имаат 27 бодови и се пробија на осмото место на табелата.