Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и 2023-тата година ја завршува на првата позиција на АТП ранг листа.

Ѓоковиќ веќе осма година е на првата позиција на која мина дури 405 седмици таму. Тој е на првата позиција на вечната листа кога во прашање се овие статистички категории.

Зад него е легендарниот Американец, Пит Сампрас кој шест пати ја завршуваше годината на првата позиција, а мина 286 седмици на врвот.

Следуваат, Џими Конорс и Роџер Федерер со пет такви успеси.  Швајцарецот пак е втор на листата по минати седмици на 1.место со вкупно 310 недели.

Зад Ѓоковиќ, годинава ја завршува Шпанец, Карлос Алкараз, а потоа Русинот, Данил Медведев.

Во ТОП 10 се: Јаник Синер, Андреј Рубљев, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Холгер Руне, Хуберт Хуркач и Тејлор Фриц.

Новата АТП сезоната започнува на првиот ден од 2024 година.

Новак ќе остане на лидерската позиција до крајот на првиот Грен слем турнир кој се одржува во Австралија каде ја брани титулата освоена минатата година.