Иако дуелот меѓу Чаир и ТФТ требаше да биде дерби, сепак беше далеку од тоа. За биде така се погрижија домашните кошаркари.
Чаирчани лесно се справија со противникот и го добија натпреварот од 13.коло од Првата лига со 81-63.
Триумфот домаќините го најавија уште во првото полувреме. Ја добија првата четвртина со 9 (28-19), втората со 5 (28-14), па на полувремето заминаа со +24 поени разлика (57-33).
И тука веќе беше јасно дека екипата од Тафталиџе нема што да бара на овој дуел. На крајот избраниците на Ерхан Рамадан славеа со конечни 18 разлика.
Диванте Мофит со 34 и Коберт кој постигна 16 поени, беа најефикасните во победничката екипа.
Тимот на Лаир за кого ова беше деветтата победа изби на третото место на табелата во исчекување на дуелот меѓу Работнички и Пелистер закажан за во среда.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
Недела 24
ЧАИР – ТФТ 81-63
АКАДЕМИЈА ФМП – ОХРИД 96-88
Одиграно вчера
КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ 81-86
ВАРДАР – ФЕНИКС 89-104
Вторник 26 декември
18.00 ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ А.
Среда 27 декември
18.00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
ТАБЕЛА: Еуро Никел 23, МЗТ Скопје Аеродром 23, Чаир 22, Пелистер 21, Работнички 20, Феникс 20, ТФТ 20, Кожув 16, Гостивар 16, Академија ФМП 16, Вардар 16, Охрид 15.