Шампионот Денвер „Нагетс“ ја остари 21-та победа сезонава во НБА лигата. На гостувањето во Шарлот, екипата на Денвер славеше победа со 102-95.

До четвртиот триумф во низа „Нагетси“ ги предводеше Никола Јокиќ со дабл-дабл ефект. На Србинот му недостасуваше едена асистенција да оствари троен ефект. Тој натпреварот о заври со 18 поени, 19 скокови и 9 асистенции.

Поефикасни од него во победничката екипа беа Портер со 22, и Вашингтон кој постигна 20 поени.

Дуелот во Лос Анџелес требаше да биде своевидно дерби, но Тејтјум и Браун им ја расипаа вечерва на „Клиперси“. Џејсон Тејтјум постигна 30, а Џејлен Браун додаде 24 поени во победата на Бостон над ЛА Клиперс со 145-108.

Бадијала беа 36-те поени на Бронсом кога „Никси“ среде Њујорк загубија од Милвоки со 130-111. Јанис Антетокумпо средбата ја заврши со 28 поени на кои додаде по 7 скокови и асистенции.