Кошаркарите на ТФТ од Скопје вечерва го одиграат последниот натпревар на „балонот“ во Широки Бриејг. 

Во рамките од 7.коло на регионалната АБА2 конкуренција екипата на ТФТ за противник ќе го има Борац од Бања Лука.

Босанскиот претставник за нијанса во моментов котира подобро од македонскиот. На изминатите шест натпревари Борац се радуваше во два наврати, а ТФТ само еднаш.

За двете екипи императив е победата, доколку сакаат да останат во игра за позициите на табелата што водат во разигрувањето. 

Сутјеска, Цедевита јуниор и Подгорица кои се од 6 до 8 место досега имаат по три победи. 

Затоа избраниците на Боро Смилковски, вечерва едноставно ќе мора да победат за да ги одржат шансите за плејофот.

Натпреварот ТФТ – Борац ќе се игра во вечерниот термин од 21 часот. 

 

Standings provided by Sofascore