Капитенката на женската ракометна репрезентација на Македонија, Сара Ристовска од следната сезона ќе има нов клуб.
Имено, Ристовска која веќе четврта година го носи дресот на руската екипа ЦСКА, на крајот на сезоната се сели во Романија.
Таа ќе биде дел од екипата на Рапид Букурешт. Романскиот тим има големи амбициозни планови за настап во елитната Лига на шампиони.
Ова денеска го потврдија од романскиот тим на својот официјален фејсбук профил.
Рапид ќе биде третиот странски тим за кој ќе настапува искусната Ристовска. Сара своето прво меѓународно искуство го имаше во тимот на Крим од Словенија.