Кошаркарите на ТФТ го претрпеа и петтиот пораз во АБА2 лигата. Во натпревар од 6.коло на регионалното натпреварување ТФТ попладнево е поразен од Сутјеска со 60-74.
На ТФТ му беа потребни дури 3,5 минути да ги постигнат првите поени, а противникот веќе имаше девет. Се врати во игра тимот од Тафталиџе и до крајот на првата четвртина одигра рамноправно (17-17).
Решавачка се покажа втората четвртина кога Сутјеска ја доби со 13 разлика (20-07). Во тратата четвртина противникот имаше дури и 22 разлика со што ја најави победата.
До крајот на мечот избраниците на Боро Смилковски постојано ја бркаа негативата но, беа далеку од било какво изненадување, па на крајот загубија со 14 разлика.
По овој пораз ТФТ е последно рангиран со само една победа како и екипата на Шибенка.
Следниот меч македонскиот тим ќе го игра во четврток против екипата на Борац.