Трите македонски претставници во второлигашката АБА лига (2) од денеска до петок во Широки Бријег, ќе ги играат натпреварите на третиот турнир.

Предвидени се две рунди на натпревари на овој турнир, односно дуелите од 6-тот и 7-то коло.

Први на сцена ќе излезат кошаркарите на Пелистер. Битолскиот тим попладнево за противник ќе ја има домашната екипата на Широки.

Во овој меч пелистерци влегува како благ аутсајдер пред се поради досегашниот ефект на петте одиграни натпревари. Имено Пелистер е на 10.место на табелата со две победи, за разлика од противникот кои оствари четири триумфи и е трето рангиран.

Натпреварот Пелистер – Широки ќе се игра попладнево од 18 часот.

Останатите два македонски престапници, Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром своите натпревари од 6.јколо ќе ги играат утре и во среда.

АБА 2 ЛИГА (трет турнир)
6.коло
Понеделник, 18:00  ПЕЛИСТЕР – ШИРОКИ
Вторник,        18:00  ТФТ – СУТЈЕСКА
Среда,            15:00  МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПОДГОРИЦА

7.коло
Среда,           21:00  ПЕЛИСТЕР – ЦЕДЕВИТА ЈУНИОР
Четврток       21:00  ТФТ – БОРАЦ ЧАЧАК
Петок,           18:00  МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – СПАРТАК СУБОТИЦА