Со денешните натпревари ќе биде заокружен првиот дел во машката одбојкарска Прва лига.

Веќе е јасно кои ќе бидат екипите кои ќе разигруваат за титулата, но бодовите од 11.коло се важи токму за тој сегмент.

Шампионот Струмица во вториот дел ќе стартува од првата позиција. Кој ќе заврши зад струмичани ќе дознаеме дури во понеделник за кога е закажан последниот натпревар од ова коло.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
сабота
13.00 СТРУМИЦА – ВАРДАР
17.00 ШКЕНДИЈА – ЛИРИЈА
16.00 ГОК БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ
18.00 ЈАНТА ВОЛЕЈ – СУШЕВО
20.00 УНИ. ВО ТЕТОВО – ВЕСНА ПРОБИШТИП
понеделник
18.00 МАКЕДОНИЈА ЏИО – ШТИП УГД

ТАБЕЛА: Струмица 10-0 (победи-порази), Штип УГД 8-2, Лирија 8-2, Весна Пробиштип 7-3, Работнички 7-3, Шкендија 6-4, Универзитет во Тетово 5-5, ГОК Борец 4-6, Сушево 2-8, Јанта волеј 2-8, Вардар 1-9, Македонија Џио 0-10.