Кошаркарите на Работнички ја остварија осмата победа во Првата лига. Работнички го доби натпреварот од 12.коло против ТФТ со 75-57. 

Како и на првата меѓусебна средба, така и вечерва во „Кале“, Работнички не му даде ниту мала шанса на ТФТ се надева на победа.

Освен на почетокот (3-2 и 5-5), се останато беше во знакот на кошаркарите на Работнички. Ја добија првата четвртина со 21-13, а на паузата заминаа со +5 (36-31).

Во третиот преод додадоа уште 11 поени повеќе, а како одминуваше времето рака разликата се зголемуваше. Имаа црвените и најголеми 24 разлика, а на крајот славеа со 15 разлика. 

Петмина играчи во победничката екипа имаа двоцифрен број на поени, а најмногу Ефремовски 15. 

Со оваа победа Работнички се проби на третото место зад МЗТ Скопје и Пелистер кои вчера ги добија дуелите од оваа рунда. 

Останатите три дуели ќе се играат викендов, а сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО
Четврток
ТФТ – РАБОТНИЧКИ
одиграно вчера
МЗТ СКОПЈЕ А.– КОЖУВ 79-65
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР 89-88
Сабота
18.00 ОХРИД – ВАРДАР
Недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – АКАДЕМИЈА ФМП
20.00 ФЕНИКС – ЧАИР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23, Пелистер 21, Работнички 20, Еуро Никел 19, ТФТ 19, Чаир 18, Феникс 17, Гостивар 16, Кожув 15, Вардар 14, Академија ФМП 13, Охрид 12;