Екипата на Пелистер иако потешко од очекуваното, сепак славеше триумф во дуелот против Кожув. 

На натпреварот од 11.коло во Првата лига одигран вечерва во Битола, домаќините беа подобро од гевгеличани со 72-61. 

Домаќините ја имаа улогата на фаворит пред овој натпревар, но избраниците на Даскаловски не одиграа рамноправно, а на моменти и подобро од противникот.  Впрочем, гостите ја добија првата четвртина со 15-19. Во втората подобри беа домаќините (17-13), но на пауза се замина со израмнети 32-32. Така се играше се до 23-тата минута кога резултатот гласеше 41-41. Во продолжението пелистерци беа оние кои имаат минимална предност која ја одржуваа. Кожув постојано беше за чекор-два поназад. Во завршницата бркајќи ја негативата на крајот Кожув загуби со двоцифрена разлика (72-61).

бадијала останаа оние 24 поени на Американецот, Слејтер па иако беше најефикасен неговиот тим го претрпе осмиот пораз. 

Во победничката екипа Планиниќ заврши со дабл-даб со 14 поени и 11 скокови, а Маслинко додаде 12 поени и 5 скока. 

Пелистер останува на второто место со две победи помалку од лидерот МЗТ Скопје.

Во првите два денешни натпревари победи славеа и Работнички кај Гостивар, односно Чаир кај Охрид.

Колото ќе биде заокружено утре со два натпревари кои може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
Сабота
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 65-86
ОХРИД – ЧАИР 64-76
ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ 72-61
Недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ВАРДАР
20.00 ФЕНИКС – ТФТ
Одиграно во четвртокот
МЗТ СКОПЈЕ А. – АКАДЕМИЈА ФМП 79-74

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21 бодови, Пелистер 18, Работнички 18, Чаир 18, Еуро Никел 17, ТФТ 16, Феникс 16, Гостивар 15, Кожув 14, Вардар 13, Охрид 12, Академија ФМП 11,