Во англиската Премиер лига вечерва беа одиграни два дерби дуели од 15-тото коло. Шампионот Манчестер Сити го претрпе третиот пораз, а Јунајтед славеше над Челзи.
На „Вила Парк“ во Бирмингем, екипата на Астон Вила славеше во дуелот со шампионот Манчестер Сити со 1-0. Иако имаше најмалку 7-8 идеални шанси за погодок, сепак голот на Бејли во 74-тата минута го реши победникот.
На натпреварот на „Олд Трафорд“ домаќините веќе во 8-та минута добија пенал. Сепак ударот на Бруно Фернандеш, гостинскиот голман Роберто Санчез го одбрани. Сепак домаќините вршеа притисок и во продолжението. Тоа резултираше со погодокот на Мектоминеј во 20-тата минута. Гостите од Лондон пред крајот на првиот дел (45) преку Палмер успеаја да стигнат до израмнување.
Во вториот дел по бројните шанси, единствен што ја искористи својата беше Мектоминеј. По одличното уфрлање од левата страна со својот втор гол му донесе ново водство, а тоа се покажа за победа на Манчестер Јунајтед.
Поразот на Сити значи пад на шампионот на 4.место на табелата зад Арсенал, Ливерпул и Астон Вила. Затоа пак Манчестер Јунајтед сега не на шестото место на табелата со 27 бодови колку што има и Тотенхем, а три помалку од Сити.