Екипата на Гостивар поведе со 1-0 против Силекс во меч од 16.коло на Првата лига.
И ова не е којзнае каква вест, иако Силекс ја има улогата на фаворит во овој дуел.
Затоа пак, начинот на кој гостите поведоа е за одбележување.
Имено сојузник на гостиварци беше „ватерполо“ теренот во Кратово.
Во 13.минутра, при обид за проигрување на домашните фудбалери на 18-тита метри, топката застана меѓу нив во полниот со вода терен.
Тоа го искористи Нигериецот, Кахинде и му донесе водство на Гостивар од 1-0.