Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево беа одиграни пет натпревари од 16-тото коло. 

Дербито во Чаир, каде играа двете прво пласирани екипи им припадна на домаќините, Шкупи кој со 1-0 ја победи Шкендија. Трапановски во 37-та минута беше стрелец на победничкиот гол за чаирчани, со кој се зацврстија на врвот на табелата.

Интересен дуел се одигра во Кавадарци. Таму Тиквеш имаше водство од 2-0 против шампионот Струга ТЛ. Сепак стружани ја анулираа негативата, а четирите гола беа постигнати во првото полувреме. До победата шампионот стигна во вториот дел со евро-голот на Георгиевски.

И Брегалница водеше со 2-0 во дуелот со Воска спорт, но гостите од Охрид останаа не поразени.

Во Кратово, Силекс губеше од Гостивар со смешниот гол примен во првиот дел. Сепак кратовци, спасија бод со погодокот во самиот финиш.

До три бода стигнаа и Работнички против Брера Струмица.

Во продолжение голот од дербито, а сите голови од 16.коло ќе може да ги видите овде 

ПРВА ЛИГА – 16.КОЛО
денеска
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
ТИКВЕШ – СТРУГА Т.Л. 2-3
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ  2-2
РАБОТНИЧКИ – БРЕРА СТРУМИЦА  1-0
СИЛЕКС – ГОСТИВАР  1-1
одиграно вчера
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-1

Standings provided by Sofascore