Актуелниот шампион на Италија, Наполи беше посрамен од Интер прес своите симпатизери.
На „Диаго Армандо Марадона“ стадионот, Елиф Елмас и неговиот Наполи загубија со 0-3 од Интер.
Дека „неро-аѕурите“ се еден од главните конкуренти за титула го докажаа тоа на вечерашниот меч.
Хакан Чалканоглу го отвори резултатот пред самиот крај на првиот дел. Николо Барела зголеми на 2:0, а Маркус Тирам ги запечати конечните 3:0.
Со оваа победа Интер се зацврстува на врвот во Серије А.
По 14 одиграни натпревари Интер има 35 бода. Наполи пак падна на 5-та позиција со 24 бода, исто колку четвртопласираната Рома.
Андреј Велјаноски