Во Првата македонска фудбалска лига денес со почеток од 13 часот ќе се одигра воведниот натпревар од 17-тото коло. Во него ќе се сретнат екипите на Македонија Ѓорче Петров и Вардар.

Македонија ЃП ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и пред својата публика да дојде до значајна победа. Екипата од Ѓорче Петров се наоѓа пред опасната зона, а тоа не е позиција на која би сакале да бидат и сакаат што побрзо да се најдат во горниот дел од табелата.

Вардар има 4 порази на последните 5 натпревари и се наоѓа во лоша форма. Иако на гостински терен, екипата на Вардар ќе има поддршка од своите верни Комити, а тоа на фудбалерите ќе им биде дополнителна мотивација за да стигнат до поволен резултат.

Во новата сезона Вардар првата победа ја забележа токму против денешниот противник и со тоа покажува дека можеме да очекуваме и денес надигрување. Овие две екипи се сретнаа и во Купот на Македонија, а бранителот на титулата од Ѓорче славеше минимално.

Останатите пет натпревари од ова коло ќе се одиграат утре со почеток од 13 часот.

ПРВА ЛИГА – 17.КОЛО
сабота (13 часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР
недела (13 часот)
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ
РАБОТНИЧКИ – БРЕРА СТРУМИЦА
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
СИЛЕКС – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – СТРУГА

Standings provided by Sofascore