Македонскиот вицепрвак Алкалоид го претрпе и четвртиот пораз на европската сцена. Во мeчот од 5.коло на Европската лига, Алкалоид во Нови Сад загуби од Војводина со 34-29.
Домаќините брзо ја презедоа контролата над резултатот и по нецели 10 минути имаа двојна предност 6-3. Алкалоид на истекот на 15-тата успеа да се врати на -1 (6-7), но повторно следуваше низа на домашниот тим. Со серии од 3-0 и 2-0, Војводина во 25.минута за прв пат имаше пет голови предност. Таквата предност Војводина ја сочува до крајот на полувремето (16-11).
Вво второто полувреме, искусниот српски шампон знаеше како да ја одрежува и зголемува предност, па на крајот славеше со конечни 34-29.
Мартин Серафимов со 8 и Марко Митев со 6 голови беа најефикасни во редовите на Алкалоид, за кој голманот Благојче Трајковски имаше 7 одбрани (бранеше само 1.полувреме).
За седум дена (5 декември) Алкалоид ќе го одигра последниот натпревар во дебитантската сезона на евро-сцената. Во Скопје гостува шпанската Ла Риоха против која Алкалоид го освои единствениот бод досега.