Се очекуваше да биде дерби на вечерта, сепак на дуелот во Филаделфија каде гостуваа  Лејкерс, постоеше само еден тим, домашниот. 

Екипата на Филаделфија предводена од минатогодишниот МВП, Џоел Ембид, ја прегазија „дружината“ на Леброн Џејмс. „Сиксерси“ славеа со убедливи 44 разлика 138-94.

Ембид натпреварот го заврши „моќно“ со трипл-дабл, постигнувајќи 30 поени на кои додаде по 11 скокови и асистенции. Поддршка имаше и од Тајрис Макси кои додаде 31 поени и 8 асистенции. 

Во поразениот тим, Леброн Џејмс броеше до 18 поени, а Ентини Дејвис на 17-те поени додаде 11 скокови. За тоа беше осмиот пораз сезонава, а Филаделфија ја оствари 12-тата победа.

 

Многу поени беа постигнати и на натпреварот во Детроит. Кајл Кузма со 32 поени, 12 скокови и 8 асистенции беше лидерот на Вашингтон во триумфот над „Пистонси“ со 126-107. 

Интересен и резултатски израмнет натпревар одиграа Индијана и Портланд. На победата се радуваа гостите кои славеа со 114-110. 

Грат со 34 поени и 7 скокови, заедно со Брогдон кој заврши со  24 поени и 7 асистенции беа творците на победата на Портланд.