Богатата вечер во НБА лигата го одбележа дуелот на шампионот Денвер и тимот на Сан Антонио, во кој Денвер убедливо победи со 132:120

На Никола Јокиќ му фалеше една асистенција да оствари трип-дабл, а натпреварот го заврши со 39 поени, 11 скока и девет асистенции. На спротивната страна и Виктор Вембањама оствари дабл-дабл. Францускиот тинејџер  постигна 22 поени, а имаше и 11 скокови. По овој неуспех лошата серија на Спарси сега изнесува 12 порази во низа.

Иако има проблемите со повредите, Бостон Селтикс славеше победа против Атланта Хокс со 113:103. Селтикси беа без Кристапс Порзингис и Џру Холидеј , но сепак беа подобриот противник и заслужено славеа на крајот.

Џејсон Тејтум постигна 34 поени со девет скока, а Џејлен Браун додаде 21 поен и седум скока. Треба да се истакнат и 15-те поени и 11 асистенции на Дерик Вајт. Кај Хокс, Треј Јанг постигна 33 поени и седум асистенции, Де’Андре Хантер 24 поени, а Богдан Богдановиќ 23 поени со 7/10 тројки.

Нај неизвесниот натпревар го одиграа Феникс и Њујорк. Победија Санси со 116:113 со тројката на Девин Букер на 1,7 секунди пред крајот на натпреварот, што е седма последователна победа на Феникс.

Букер постигна 28 поени и 11 асистенции, а Ерик Гордон додаде 25 поени во отсуство на Кевин Дурент. За Никс , Џејлен Брунсон постигна 35 поени со осум асистенции, а Џулиус Рендл заврши со 28 поени и пет скока.