Во Првата македонска фудбалска лига, денес ќе се одигра еден натпревар од 15-тото коло.

Во Штип со почеток од 13 часот силите ќе ги одмерат екипите на Брегалница и Шкендија.

Екипата на Брегалница е во многу лоша форма, а за тоа говори и нејзиното место на табелата. После одиграни 14 кола, штипјани се на претпоследното место и ситуацијата е алармантна.

На денешниот натпревар ќе се обидат пред својата публика да ја изненадат фаворизираната Шкендија и да успеат да излезат од кризата во која што се.

За разлика од Брегалница, екипата на Шкендија се наоѓа на 2.место на табелата со исто бодови како првопласираниот Шкупи, но со полоша гол разлика.

И тетовчани имаа свој мал пад во играта, па оваа репрезентативна пауза им дојде баш добро и денес ќе се обидат да стигнат до нова победа.

Останатите 5 натпревари од ова коло ќе се одиграат утре со почеток од 13 часот.

ПРВА ЛИГА – 15.КОЛО
сабота (13 часот)
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (во живо МРТ3 – линк)
недела (13 часот)
СИЛЕКС – ВАРДАР
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА Т.Л. – ВОСКА СПОРТ
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР (во живо МРТ3 – линк)

Standings provided by Sofascore