По настапите во регионалната АБА2 конкуренција, трите македонски претставници се враќаат на обврските во домашното првенство.

Вечерва во Скопје, ќе се одиграат последните два натпревари од 8.коло во Првата лига.

И двата дуели се со префиксот „дерби“. Ова боидејчи екипите кои играат во нив се во трка за највисок пласман.

Иако Работнички и Еуро Никел се на прите две позиции, сепак по денепните натпревари табелата ќе претрпи промени.

Во Чаир истоимената екипа е домаќин на вицепрвакот битолски Пелистер. Овој натпревар започнува од 19 часот.

Половина час подоцна (19.30) во СЦ „Кале“ ќе играат екипата на ТФТ и шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ТАБЕЛА: Работнички 13 бодови, Еуро Никел 13, МЗТ Скопје Аеродром 13, Пелистер 12, Чаир 12, ТФТ 12, Феникс 12, Гостивар 12, Вардар 11, Кожув 10, Академија ФМП 9, Охрид 9.