Со деветте денешни натпревари започнуваат двете завршни рунда во квалификациите за Европското првенство 2024-та во Германија.

Од четирите групи во колку се играат натпреварите, само во „Г“ конкуренцијата има дилема околу двете места.

Унгарците се во голема предност бидејќи на две кола до крајот потребен им е само еден бод да го потврдат пласманот на ЕП. Тие и гостуваат на поладно пласираната Бугарија.

Најмногу ќе зависи од исходот на дуелот меѓу Црна Гора и Литванија. Домаќините на овој меч мораат да победат. Во спротивно ќе ги загубат и теоретските шанси за пласман на второто место, на кое е Србија со дури пет бодови повеќе.

Во останатите три групи, останува уште едно празно место на ЕУРО 2024-та.

За втората позиција во „Ј“ конкуренцијата, во директен дуел ќе се борат Словачка и Исланд. На домаќините доволен им е и нерешен резултат да го обезбедат второто место, зад Португалија која е сигурно прва.

Пораз на Словачка е шанса за Луксембург кој е на третото место, а вечерва ќе игра пред своите навивачи против БиХ.

Шпанија и Шкотска од групата „А“, односно Белгија и Австрија од „Ф“ групата веќе обезбедија настап на Европското првенство.

Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore