Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите.

Во рамките од 7.коло Пелистер има тешко гостување во Унгарија кај ПИК Сегед .

Битолчани по шест кола се без освоен бод, а првиот ќе сакаат да го освојат против тим кој досега оствари две победи и едно реми.

„Драго ми е што ќе се вратам и ќе заиграм повторно во Сегедин. Едвај чекам да дојде натпреварот.

Се спремаме, знаеме како игра ПИК Сегед, но нема да играат против нас како на останатите натпревари. Мораме добро да се спремиме, напорно работиме и се надеваме на позитивен резултат.

Атмосферата кај нас е добра, играме добро и во Лигата на шампионите, и не дозволуваме убедливи порази како на почетокот. Но, тоа доаѓа и со искуството, имаме млади играчи кои не играле во ова натпреварување и мора максимално да се игра шеесет минути.

Ни преостанува само да се надминеме и да се обидеме да победиме“, вели Богдан Радивојевиќ.

Натпреварот започна од 18.45 часот, термин во кој се играат уше два натпревари од „А“ групата, Кил – Алборг и Загреб – Киелце .

Вчера во првиот меч од оваа групата, екипата на Колстад славеше голема победа над фаворизираниот ПСЖ со 36-31.

Инаку денешниот меч е првиот од двата натпревари кои овие екипи ќе го играат меѓусебно.

Веќе во наредното коло Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед повторно ќе се сретнат и тоа
во Битола, во среда на 22 ноември во попладневниот термин од 18:45 часот.