Македонските шампион МЗТ Скопје Аеродром со пораз го почна вториот турнир (Златибор) во АБА2 лигата.
Аеродромци загубија од младиот словенечки тим на Хелиос Санс со 83-87 во натпревар од 3-тото коло.
МЗТ играше со големи осцилации во текот на целиот натпревар. Имаа и предност од 15 поени, но недоволно да се надигра младиот мотивиран состав на Хелиос.
Во првата четвртина ја добија аеродромци со седум поени разлика (22-15). На стартот на втората имаа и +11 (26-15), но му дозволија на противникот да се доближи само на еден поен негатива (28-27). Замина македонскиот шампион на одмор со предност со 41-33.
Иста слика и во третата четвртина. Прво, водство со +15 (50-35), а потоа само +4 (50-46). Тогаш Војдан Стојановски ја презеде играта во свои раце и одново му донесе солидна предност на МЗТ (61-53). Во последната четвртина сино-белите влегоа со пет поени предност 64-59.
Во 33.минута противникот стига до израмнување 63-63. Во завршните три минути Хелиос поведе со 77-75.
Најефикасен кај МЗТ беше Војдан Стојановски 19 поени, додека Србинот, Танасковиќ постигна еден помалку 18.
Во следното 4.коло МЗТ Скопје за противник ќе ја има црногорската екипа Сутјеска. Тој натпревар ќе се игра во четвртот од 15 часот.
Вечерва (21 часот) пак вториот македонски претставник ТФТ ќе игра против Цедевита јуниор.