Екипата на ТФТ се израдува на првата победа во второлигашката АБА конкуренција.

На турнирот во Златибор, ТФТ во меч од 3.коло ја победи загрепска Цедевита јуниор со 78-68.

Речиси целиот натпревар мина во резултатски израмнета игра. Клучен беше последниот период во кој ТФТ со серија од 9-2 дојде до предност од осум поени (70-62).

Таквата предност тимот од скопската населба Тафталиџе знаеше како да ја сочува и заслужено да се радува на победата.

Американецот, Симонс со 19 поени и 5 скокови беше прво име во победничката екипа, за која Ташоаски додаде 13, а Верџ 11 поени.

Следниот натпревар ТФТ ќе го игра во петок против битолски Пелистер кој утре од 15 часот ќе го игра мечот со Сутјеска.