Екипата на ММК Куманово ја оствари и шестата победа во исто толку одиграни натпревари во Втората лига. 

Предводени од екс-селекторот Марин Докузовски кошаркарите на МКК Куманово пред својата публика го совладаа вториот тим ма МЗТ Скопје У.Б. со 61-41. 

Во натпревар со мал број на поени, победата домаќините ја најавија во првата четвртина која ја добија со 20-08. Иако младите аеродромци во продолжението на натпреварот, во неколку наврати намалија доаѓаа и до 5 поени негатива, сепак не можеа да направат пресврт. Само осум поени постигнаа во последниот период, кој домаќините го добија со 9 разлика. На крајот и убедлива победа оствари МКК Куманово со +20 разлика. 

Затоа пак втората кумановска екипа која до лани беше прволигаш, во Втората лига останува без победа и по шестиот натпревар. Во дуелот на двата тима кои досега немаа триумф се израдуваа тетовци. Екипата на Тетекс славеше убедливо над Куманово 2009 со дури 24 поени разлика. 

Потсетување дека во воведниот натпревар од оваа рунда Ангели беа подобри од Водно Санс.

Утре на програмата се преостанатите три натпревари, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
сабота

АНГЕЛИ – ВОДНО САНС 82-65
МКК КУМАНОВО – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 61-41
ТЕТЕКС ТТК – КУМАНОВО 2009 94-70
недела
15.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – МЕГА БАСКЕТ
17.00 ШКУПИ – СОКОЛИ
18.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – МАЏАРИ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 12 бодови, Ангели 10, Шкупи 9, Маџари 9, МЗТ Скопје У.Б. 9, Водно Санс 9, Соколи 8, Мега Баскет 7, Борец Баскет 7, Тетекс 7, Работнички 2018 6, Куманово 2009 6.

СЛЕДЕТЕ ГИ ВО ЖИВО НАТПРЕВАРИТЕ
ОД ВТОРАТА ЛИГА