Екипата на Шкупи е последната, четврта, која обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. 

Откако вчера тоа го сторија Македонија Ѓ.П., Тиквеш и Воска спорт, денеска чаирчани им се приклучија во полуфиналната рунда.

Попладнево Шкупи го победи Работнички со 1:0 во дуелот од четвртфиналето, кој вчера не се одигра во Маџари, поради проблеми со теренот. 

Стрелец на единствениот гол беше Марио Младеновски кој во 16.минута најдобро се снајде по корнерот од левата страна. 

Полуфиналната рунда во Купот на Македонија ќе продолжи на пролет. Во оваа фаза ќе се играат два натпревари, првиот на 5-ти, а реваншот на 18-ти април.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ  0-1
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СИЛЕКС 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 0-1
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА 7-6 пенали (1-1)