Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз го започна новиот циклус на квалификации, овој за ЕП 2025.
Во првиот натпревар од групата „Г“, Македонија е поразена на гостувањето кај Португалија со 65-52.
Рамноправни, а на моменти и подобри беа нашите кошаркарки во водените 8 минути кога за последен пат и водеа (10-8). Следуваше серија на Португалките за водство по првата четвртина со 14-10.
Домаќинките не застанаа таму, продолжија со ефикасната игра и стигнаа до најголеми +13 (29-16). Она што не можеа стартерите го направија резервите, па нашата селекција се врати во игра и намали на -5 (25-30), но на одмор замина со седум негатива (27-34).
Во второто полувреме, по пет минути игра, македонските кошаркарки стигна и до водство (39-38). Минималната предно ја одржуваа до самиот финиш на третата четвртина, по која во последната влегоа со два негатива (45-47).
Во последниот период се распадна нашата игра. Португалките доминираа по обрачите, погодуваа од секоја позиција и на крајот славеа со 65-62.
Најефикасна во репрезентацијата на Македонија беше Анџелика Митрашиновиќ со 17 поени, додека Мерит Хемпе постигна 16, а Илина Селцова постигна 15.
Во следниот натпревар во СЦ „Кале“ (недела 18 часот) нашите кошаркарки ќе играат против Србија која денеска ја декласира Украина со 43 разлика.
f