Екипите на Ливерпул и Рома кои важат за едно од главните фаворити за највисок пласман во Лигата на Европа, вечерва претрпеа порази. 

Во дуел од „Е“ групата англискиот Ливерпул загуби на гостувањето кај францускиот Тулуз со 2:3. 

Со оој пораз Ливерпул пропушти шанса уште сега за си го обезбеди местото во осминафиналната рунда. Ливерпул останува лидер на табелата со 9, а Тулуз е втор со два бодови помалку. 

На натпреварот од „Г“ конкуренцијата одигран во Прага, домашниот тим на Славија ја победи Рома со 2:0. 

Со овој резултат сега Славија е на врвот на табелата со 9 бодови колку што има и второ рангираната Рома.