Со два натпревари што ќе се играа денеска ќе биде отворена 10-тата рунда во машката ракометна Супер лига.

Поради настапите на европската сцена, Алкалоид и Еурофарм Пелистер порано од вообичаеното ќе ги одработат своите обврски.

Првиот дуел ќе се игра во Битола каде гостува вицепрвакот Алкалоид, кој гостува на вториот тим на Е. Пелистер. Избраниците на Лазаров се апсолутни фаворити и треба да се очекува дека и по овој натпревар ќе останат единствената не поразена екипа.

Овој меч ќе биде последна контрола за Алкалоид пред дуелот со Силкеборг во Европската лига (вторник).

Истото важи и за шампионот Еурофарм Пелистер. Битолчани во Скопје ќе му гостуваат на Голден Арт како загревање за гостувањето во Унгарија кај Сегед.

Во ова 10-то коло практично секој ден до недела ќе се играат по два натпревари во двете групи.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ)   10.КОЛО

А ГРУПА
четврток
17.00  Е. ПЕЛИСТЕР 2 –  АЛКАЛОИД
петок
18.30  ОХРИД –  КУМАНОВО
сабота
14.30  СТРУГА – ТИКВЕШ
недела
17.00 АЕРОДРОМ –  СКОПЈЕ

ТАБЕЛА: Алкалоид 27 бодови, Тиквеш 24, Охрид 18, Струга 15, Аеродром 12, Е. Пелистер 2  9, Куманово 1 и Скопје 1

Б ГРУПА
четврток
18.00  Е. ПЕЛИСТЕР –  ГОЛДЕН АРТ
петок
18.30  ПРОЛЕТ  –  ВАРДАР
сабота
18.30  ВАРДАР Неготино –  ПРИЛЕП
недела
20.00 БУТЕЛ СКОПЈЕ –  МУЛТИ ЕСЕНС

ТАБЕЛА:  Вардар 21 бодови, Е. Пелистер 24, Пролет 15, Бутел Скопје 15, Голден Арт 13,  Прилеп 7, Мулти Есенс 6 и Вардар Неготино 0.