Екипите на Македонија Ѓорче Петров, Тиквеш и Воска спорт се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија.
Ова откако попладнево беа одиграни три од предвидените четири натпревари од четвртфиналето. Дуелот Работнички – Шкупи беше одложен и ќе се игра утре.
Бранителот на трофејот Македонија Г.П. со совлада Силекс со 1-0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше 17-годишниот Алтин Алији во 66-тата минута.
Тимот на Воска спорт направи големо изненадување и во Штип ја совлада Брегалница со 1-0. Јашароски во 70-тата минута беше стрелец на единственото гол на натпреварот.
Во Кавадарци, дуело меѓу Тиквеш и Брера Струмица беше решаван по пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1. Гостите поведоа во финишот на првиот дел. По ударот на Матеј Цветаноски топката го зафати Дончев и заврши во мрежата на домаќините. По само седум минути игра во вториот дел (52), Словенецот, Гал Курез.
Во пенал „рулетот“ повеќе среќа, но и нерви во осумте серии, имаа домаќините кој погодија шест удари и славеа со конечни 7-6.
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СИЛЕКС 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 0-1
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА 7-6 на пенали (1-1)
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ одложено за утре