Младата репрезентација на Македонија до 16 години одигра нерешено 3:3 против соодветната селекцијата на Црна Гора во рамките на првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции.

Македонија и Црна Гора одиграа извонреден меч со високо темпо и отворена игра во текот на сите 90.минута. Контролен дуел во кој нашата селекција беше подобриот противник во поголемиот дел од средбата, но на крајот и покрај добрата игра не успеавме да забележиме победа.

Противникот одлично го започна натпреварот и рано успеа да дојде до предност. Стрелец на водечкиот погодок беше Павичевиќ во 3.минута од средбата.

Нашите млади фудбалери брзо ги консолидираа своите фудбалери и одлично реагираа по примениот погодок, успевајќи да го израмнат резултатот во 8-та минута. Стрелец на изедначувачкиот погодок беше Бранковски.

Комплетен пресврт Македонија направи во 28.минута, кога Грашески одлично се снајде и успеа да погоди за водство од 2:1.

Во продолжението од средбата, Македонија продолжи со добрата игра и тоа резултираше со нов погодок.

Во 67-та минута Грашевски, го постигнува својот втор гол на денешната средба и ја зголемува предноста на Македонија на 3:1.

Во 78.минута, Јовановиќ ја намалува предноста на 3:2. Две минути подоцна, Фабрис постигнува нов погодок за Црна Гора и ги поставува конечните 3:3.