Попладнево ќе се играат четвртфиналните натпревари во фудбалскиот Купот на Македонија.
Најголемо внимание ќе привлече натпреварот во Ѓорче Петров. Тоа е дуел на последните три победници во националниот куп и финалисти од пред две сезони. Бранителот на трофејот Македонија ЃП го пречекува тимот на Силекс.
Во скопската населба Маџари, односно на стадионот „Борис Трајковски“, екипата на Работнички ќе го пречека првопласираниот тим на прволигашката табелата Шкупи.
Во Кавадарци кај Тиквеш гостува екипата на Брера Струмица која на последните седум натпревари има само една победа и тоа во Купот над Гостивар по пенали.
Во Штик домаќинот Брегалница ќе важи за благ фаворит во дуелот со охридската екипа Воска спорт.
Сите натпревари ќе почнат од 13 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СИЛЕКС
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ