Во последниот натпревар од 6.коло, Пелистер како гостин во Скопје го совлада Феникс со 80-73.

Пелистерци првиот период го добија со 14 разлика (29-15). Домашните во вториот намалија десет од тоа, па на одмор се замина со резултат 46-42 за Пелистер.

Битолчани постојано ја контролираа играта, а со тоа и резултатот, ги добија и следните две четвртини и сосема заслужено се радуваа на четвртата победа.

Мијовиќ со 17, Маслинко со 16 и Планиниќ со дабл-дабл (15 поени и 11 скокови) беа најзаслужните за оваа победа. Во неа свој придонес имаа Магдевски и Лука Стојановски со по 9 поени.

Во домашниот состав најефикасен беше Џозеф Рис со 19 поени, а имаше и 13 скокови. Потфрлија ветераните Трајковски со само 2 поени (0/10 од игра) и Димчевски пој постигна 6 (1/7).

Пелистер со овој триумф се израмни со Еуро Никел кој беше подобар од Работнички на гостински терен. Двата тима сека имаат по 4 победни и 3 порази.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
Недела
РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 70-74
ВАРДАР – АКДЕМИЈА ФМП 102-91
ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР 73:80
Петок
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73-98
Сабота
ТФТ – ГОСТИВАР 79-70
ЧАИР – КОЖУВ 88-84

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11 бодови, ТФТ Моцарт 11, Чаир 2030 11, Еуро Никел 2005 10, Пелистер 10, Феникс 2010 9, Вардар 9, Работнички 9, Гостивар 8, Охрид 7, Кожув 7, Навико Академија ФМП 6